Манчестер Сити добива нов голман

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на аргентинскиот голман Херонимо Рули, кој пристигнува од Олимпик Марсеј како нова конкуренција меѓу стативите на англискиот шампион.

Според информациите на медиумите од Англија, 34-годишниот чувар на мрежата ќе биде откупен за околу 3,5 милиони евра.

Рули ќе потпише двегодишен договор со клубот, кој ќе важи до летото 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Ангажманот на искусниот Аргентинец доаѓа откако Манчестер Сити го продаде резервниот голман Џејмс Трафорд во Лидс за сума од речиси 40 милиони фунти. Со тоа, Рули ќе се бори за место во стартниот состав и ќе конкурира со Џанлуиџи Донарума.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО