Ливерпул го договори Роналд Араухо од Барселона!

Еден од најпознатите светски инсајдери за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, пред неколку моменти лансираше вистинска трансфер бомба!

Според неговите најнови ексклузивни информации, англискиот гигант Ливерпул постигнал целосен договор со Барселона за ангажман на уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо.

Како што пренесува Романо во својата кратка објава, станува збор за договор за позајмица.

Ова е огромен потег за раководството на „Црвените“, кои добиваат елитно и бескомпромисно засилување во последната линија пред самиот старт на новата сезона во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО