Барселона се вклучи во трката за потписот на најдобриот играч на СП, Родри. На овој начин, Барселона се обидува да им ја распипе работата на најголемите ривали, Реал Мадрид.
Иднината на Родри во Манчестер Сити, по заминувањето на Пеп Гвардиола е незивесна, овој факт се обиде да го искористи Реал, но сега мисијата на „кралскиот клуб“ ќе биде многу потешка, бидејќи Барселона одлучи да се приклучи на преговорите.
Наводно, и Реал и Барселона се подготвени да му понудат на Манчестер Сити слична сума за шпанскиот репрезентативец (околу 50 милиони евра), кој ќе мора да донесе одлука за продолжување на кариерата во наредниот период.
Со години, Родри беше еден од клучните играчи во системот на Пеп Гвардиола и еден од најценетите дефанзивни играчи од средниот ред во светот, па неговиот евентуален трансфер би претставувал една од најголемите зделки во овој преоден рок.