Чаир дефинитивно нема да игра следната сезона во Првата кошаркарска лига

Кошаркарката федерација на Македонија објави дека еден прволигаш не ги исполнил обврските и не ја добил потребната лиценца за настапување во највисок ранг за следната сезона.

ТФТ и Маџари тоа го сторија, но не и екипата на Чаир која што и официјално не е повеќе дел од елитната македонска кошарка.

Тимот од Скопје кој имаше долг беше убедливо најголем кога станува збор за трите спорни екипи не ги исполни барањата.

Од друга страна пак, од КФСМ потенцираа дека испразнетото место во суперлигашкото друштво нема автоматски да се пополни со најдобро пласираниот во првата лига.

Туку, за истото ќе се аплицира, па кој ќе ги исполни условите ќе биде дел од елитата.

Неофицијално, тимот на Соколи од Штип наводно пројавил најголем интерес тоа да го стори.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО