Маркус Рашфорд се враќа во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд е пред враќање во редовите на Манчестер Јунајтед.

Англичанецот во летото 2025 година беше претставен како засилување во Барселона и одигра солидна сезона (11 голови и 14 асистенции) во редовите на каталонскиот клуб и кога се очекуваше да потпише договор, сега е пред враќање на „Олд трафорд“.

Барселона имаше можност да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра, но тоа не го стори, па Рашфорд се прости од клубот преку социјалните мрежи.

Тој има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2028 година со неделна плата 380.000 евра.

Висината на платата може да претставува проблем во Манчестер Јунајтед за потенцијални нови засилувања.

Во меѓувреме Манчестер Јунајтед дресот со број 10 му го даде на ланското засилување Матеус Куња, а во клубот не се согласни за нова позајмица на Рашфорд или за продажба по цена под неговата вредност.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО