Феран Торес ја напушта Барселона

Феран Торес заминува од Барселона и би можел да направи голем трансфер во Пари Сен Жермен.

Според информациите од Шпанија, 26-годишниот напаѓач веќе ја информирал управата на каталонскиот клуб дека сака да ја продолжи кариерата во Париз, а својата одлука наводно им ја соопштил и на соиграчите и на стручниот штаб.

Шпанскиот репрезентативец зад себе има сезона од соништата. Торес постигна 21 гол во дресот на Барселона, а неговата вредност дополнително порасна по одличните настапи на СП, каде беше еден од најважните фудбалери во составот на Шпанија.

Шпанските медиуми наведуваат дека напаѓачот подолго време чувствува дека не е меѓу приоритетите на тренерот Ханси Флик.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО