Кошаркарската федерација на Македонија со особено задоволство ја поздравува официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки
Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим.
Сега вниманието природно се насочува кон претстојниот список на селекторот и кон одлуката на Ненад Димитријевиќ. Искрено веруваме дека тој ќе го прифати повикот и повторно ќе го облече дресот со државниот грб.
На крајот на август нашата репрезентација ја очекува исклучително важен натпревар на гостински терен против Австрија, со кој започнува новиот претквалификациски циклус на нашиот национален тим.