Алајбеговиќ ќе потпише со Јувентус

Босанскиот фудбалски репрезентативец Керим Алајбеговиќ е сѐ поблиску до трансфер во Јувентус.

Според најпознатиот трансфер-експерт Фабрицио Романо, „старата дама“ ги надминала сите конкуренти во трката за младиот офанзивец и интензивно работи на финализирање на договорот.

Ова би било уште едно значајно засилување за Јувентус, кој неодамна го обезбеди и потписот на францускиот напаѓач Рандал Коло Муани.

„Преговорите со клубот и со играчот се во тек, со цел Јувентус да ги претрка останатите заинтересирани клубови. Договорот напредува во позитивна насока“, објави Романо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО