Шкендија денес од 20:00 часот на домашен терен во Скопје ќе го пречека словенечки Браво во реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Тетовци ќе имаат тешка задача да ја надоместат негативата од 2-1 од првиот натпревар и да обезбедат пласман во следната рунда.
Тренерот на Шкендија, Артим Положани, истакна дека е задоволен од изданието на неговиот тим во Словенија, но потенцираше дека недостигала подобра реализација во клучните моменти.
„Влегуваме во натпреварот со цел да победиме, резултатот сега е многу важен, но исто така и начинот на кој ќе дојдеме до него. Во Словенија имавме добар натпревар, меѓутоа ни недостигаше подобра завршница. Мора да сме поконкретни бидејќи ова е елиминациски натпревар.
Мора да сме поконкретни бидејќи ова е елиминациски натпревар. Кога ќе одиграш добро во толку важен дуел мораш и да го крунисаш со реализација, ако не го направиш тоа се соочуваш со проблеми“, изјави Положани.