Џордан Хердерсон потпишува за Челси

Џордан Хедерсон е еден чекор поблиску до трансфер во Челзи откако со заедничка согласност го раскина договорот со Брентфорд.

Поранешниот капитен на Ливерпул треба да се приклучи на тимот предводен од Чаби Алонсо.

Новинарот Фабрицио Романо претходно објави дека Челзи сака да го доведе без обештетување, што сега е можно.

Во ново соопштение, Романо додава дека Хендерсон ќе потпише двегодишен договор со лондонскиот клуб како слободен агент, кој ќе трае до јули 2028 година.

Хендерсон носи богато искуство од Премиер-лигата. Во дресовите на Ливерпул и Брентфорд, тој одигра вкупно 463 натпревари, постигна 34 гола и запиша 56 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО