Нејмар стави крај на настапите во репрезентацијата на Бразил

Бразилскиот фудбалер Нејмар потврди дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да настапува за националниот тим на Бразил.

„Моето време во репрезентацијата заврши. Испишав историја, бев многу среќен, ја дадов својата крв и својот живот. Секогаш се борев за жолтиот дрес, но сега повеќе не го сакам тоа“, изјави Нејмар за бразилските медиуми.

Триесет и четиригодишниот Нејмар за репрезентацијата на Бразил одигра 130 натпревари и постигна 80 голови, оставајќи длабока трага како еден од најдобрите фудбалери во историјата на националниот тим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО