Cоите очекувања пред стартот на новата сезона ги сподели тренерот на РК Вардар Иван Чупиќ.
„Целите секогаш ни се исти во првенството и Купот, Вардар секогаш цели кон двојна круна и нема ништо да се смени на тој план. Сепак, мора да разбереме прв јас, па и целиот тим. Едно е кога освојуваш, а друго кога браниш титула. Од денес почнува нов маратон, ама сигурно дека ќе биде потешко од минатата сезона. Што се однесува до Лигата на шампионите, целта е да се мине групата, да отидеме во главната фаза.
Знаеме дека групата е тешка, секој тим во ова натпреварување е квалитетен. Си даваме големи цели, сакаме да играме со големи желби. Така сакам да се однесуваме, тоа е вардарски и тоа ги привлекува навивачите во сала. Со новите играчи ќе биде потребно малку трпение, да се адаптираат на македонската и на Лигата на шампионите.
Мислам дека спортскиот директор и претседателот составија одличен тим и оваа сезона можеме со добра работа, понизни и со две нозе на земја на крајот пак да се радуваме.
Вардар не бара ништо, имаме тим од 20 играчи сосема доволно за она што не очекува. Ростерот беше составен уште во март, тоа се играчи избрани со совети и од мене со управата, па ова е насока во која сака Вардар да оди.
Сакаме млади играчи кои имаат желба да се докажуваат, да направат чекор кон тоа да станат врвни ракометари. Со неколку поискусни, екипата е многу млада, но сакаме со вардарската желба да се покажеме на сите фронтови во одлично светло“, изјави Чупиќ.
„Целите секогаш ни се исти во првенството и Купот, Вардар секогаш цели кон двојна круна и нема ништо да се смени на тој план. Сепак, мора да разбереме прв јас, па и целиот тим. Едно е кога освојуваш, а друго кога браниш титула. Од денес почнува нов маратон, ама сигурно дека ќе биде потешко од минатата сезона. Што се однесува до Лигата на шампионите, целта е да се мине групата, да отидеме во главната фаза. Знаеме дека групата е тешка, секој тим во ова натпреварување е квалитетен. Си даваме големи цели, сакаме да играме со големи желби. Така сакам да се однесуваме, тоа е вардарски и тоа ги привлекува навивачите во сала. Со новите играчи ќе биде потребно малку трпение, да се адаптираат на македонската и на Лигата на шампионите. Мислам дека спортскиот директор и претседателот составија одличен тим и оваа сезона можеме со добра работа, понизни и со две нозе на земја на крајот пак да се радуваме.
Вардар не бара ништо, имаме тим од 20 играчи сосема доволно за она што не очекува. Ростерот беше составен уште во март, тоа се играчи избрани со совети и од мене со управата, па ова е насока во која сака Вардар да оди.
Сакаме млади играчи кои имаат желба да се докажуваат, да направат чекор кон тоа да станат врвни ракометари. Со неколку поискусни, екипата е многу млада, но сакаме со вардарската желба да се покажеме на сите фронтови во одлично светло“, изјави Чупиќ.
Во текот на подготовките Вардар ќе настапи на пријателскиот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.
Исто така на крајот на август почнуваат возбудувањата од Регионалната лига во која Вардар ќе игра во група со Охрид, Војводина, Динамо Панчево и Будва.