Актуелниот македонски машки ракометен шампион, тимот на Вардар во реновираната сала „Разадник“ во Скопје и официјално ги стартуваше подговотките за следната сезона.
На првиот тренинг секако присутни беа и новите ракометари.
Тука се Милан Бомаштар, Матео Фадуил , Мохаб Абделак , Леон Љевар , Никола Нечовски, Марио Ѓорчески и Бобан Попоски.
Подготовките на Вардар се распоредени во неколку фази, а по оваа почетната екипата ќе се пресели во Маврово.
Следуваат потоа традиционалните гостувања на турнирот во Струга и Охрид, а кон крајот на август се закажани и првите официјални мечеви.