Според информации од германски медиуми и извори кои го следат клубот од Гелзенкирхен, постигнат е целосен договор помеѓу Џеко и Шалке за продолжување на соработката.
Според овие информации, Џеко е подготвен да ја продолжи кариерата во Бундеслигата и е многу мотивиран пред почетокот на новата сезона.
Искусниот босански напаѓач наводно добил важни гаранции во врска со неговата улога во тимот.
Тренерот на Шалке, Мирон Муслиќ, верува во Џеко и е подготвен да му довери важна улога во тимот.
Tокму овој статус дополнително го убеди Џеко да остане во Гелзенкирхен и да продолжи да го носи дресот на германскиот клуб.
Џеко треба да пристигне во Гелзенкирхен веќе следната недела. Тој треба да помине медицински прегледи таму, по што ќе следи официјално потпишување на нов договор