Норис славеше на Хунгароринг

Возачот на Мекларен, Ландо Норис,победи на трката „Хунгароринг“, која се возеше за ГН на Унгарија, вкупно единаесетта од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, додека трет заврши возачот на Мерцедес, Кими Антонели.

Трката ја одбележа и борбата за подиум на Луис Хамилтон. Рекордерот по број победи на „Хунгароринг“ доби казна поради пребрзо влегување во боксот, па на крајот заврши на петтото место, зад својот тимски колега Шарл Леклер.

Џорџ Расел, и покрај лошиот старт, успеа да напредува и да ја заврши трката на седмата позиција.

Ова беше последната трка пред летната пауза во Формула 1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО