Леброн Џејмс потпиша двегодишен договор со Филаделфија 76ерс, со што ќе ја започне својата рекордна 24. сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.
“ESPN“, објави дека договорот е вреден осум милиони долари и содржи играчка опција за втората година, што му овозможува на Џејмс повторно да стане слободен агент следното лето доколку така одлучи.
„Мислев дека завршив кога заврши сезоната. Не бев подготвен веднаш да го кажам тоа, но ми требаше време да донесам одлука. Си го поставив прашањето дали сè уште ја сакам кошарката. Одговорот е – да. Сè уште сакам да се жртвувам, да работам напорно, да се натпреварувам, да победувам и повторно да го почувствувам чувството на освојување шампионска титула“, напиша Џејмс.
Џејмс верува дека може да му помогне на новиот клуб да стане шампион.
„Верувам дека можам да ѝ помогнам на Филаделфија да стане шампионски тим и едвај чекам да започнам едно ново, последно поглавје во мојата кариера.“