Семејството Бас ги продаде Лос Анџелес Лејкерси, но очигледно не се откажале од својата амбиција да останат меѓу највлијателните сопственици во американскиот и европскиот спорт.
Џои и Џеси Бас, најмладите синови на легендарниот сопственик на Лејкерси, Џери Бас, се обидуваат да обезбедат повеќе франшизи во идната НБА Европа преку новооснованата компанија „Buss Sports Capital“.
Нивната групација веќе испрати неколку понуди, а меѓу пазарите за кои се заинтересирани се Лондон, Манчестер и Лион, Франција.
Друга можност е проект во Италија, во кој би можеле да бидат вклучени ѕвездата на Л.А.Лејкерс, Лука Дончиќ, и поранешниот генерален менаџер на Далас Маверикс, Дони Нелсон Џуниор.
Браќата Бас бараат начин да се вратат на позначајна сопственичка улога во професионалниот спорт откако „езерџиите“ беа продадени на финансиерот Марк Волтер минатото лето. Договорот беше завршен со рекордна проценка на франшизата од приближно 8,6 милијарди евра.
Тој пат сега би можел да ги однесе во Европа, каде што се подготвува создавање лига која има за цел да ги комбинира капиталот на НБА, европските пазари и градовите без традиционално место во врвот на континенталната кошарка