Македонија нема да има сигурно место во ЛШ и во сезоната 2027/28

Mакедонскиот ракометот во сезоната 2027/2028 нема да има сигурно место во Лигата на шампионите.

Но, има напредок од една позиција на сметка на Словенија и „тропаме на вратата“ на топ десет.

Норвежаните го држат последното место кое ветува сигурно место, а пред нив се Хрватска и Романија.

Во последните години Е. Пелистер и сега Вардар добиваа „вајлд-карти“ и така повторно имавме претставник во ЛШ.

Добра вест е дека Европската лига, каде од следната сезона Македонија ќе имаме два претставници.

Во ова натпреварување сме на десетта позиција според ранкингот и наместо еден, во сезоната 2027/28 ќе има два клуба во групната фаза на ова натпреварување.

Што се однесува до Европскиот куп, таму повторно Македонија остана со две загарантирани позиции со можност за добивање на „вајлд-карта“ поради претходните успеси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО