Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ги дозна противниците во групната фаза од ФИБА Еврокупот за новата сезона, по денешната ждрепка одржана во седиштето на ФИБА Европа.
Македонскиот шампион ќе настапува во групата Е, каде што за место во следната фаза ќе се борат против АЕК Ларнака од Кипар, германскиот Вурцбург, естонски Тарту, грчки Ираклис и полска Варшава.
Новата сезона во ФИБА Еврокупот стартува на 6 и 7 октомври.