Македонската младинска ракометна репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство во Романија, откако ја совлада Летонија со 35-31.
Најефикасни во нашиот состав беа Мики Лазов и Лука Ѓорѓиевски со по осум гола, додека голманот Ѓорѓи Николовски натпреварот го заврши со десет интервенции.
Кај Летонија се издвои Валдис Калнинс со дури 17 погодоци.
И покрај победата, македонските младинци нема да продолжат во борбата за пласман од 9 до 16 место.
Нашата селекција ќе игра за пласман од 17 до 24 позиција, бидејќи триумфот над Летонија не беше доволен за второто место во групата.