Тајсон Фјури објави дека повторно сака да ја врати круната

Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, го најави своето враќање на врвот.

Во април, „Кралот на Ромите“со едногласна одлука го победи Русинот Арсланбек Махмудов.

Ова беше првиот меч за британскиот борец по повеќе од една година пауза, кој го доби по вториот пораз по ред против украинскиот великан Александар Усик.

Поранешниот шампион на ВБЦ повторно ќе биде во рингот на 24 јули, кога ќе се бори против Полјакот Мариуш Вах во Тајланд.

Фјури објави дека тоа ќе биде загревачка борба за него пред големата борба против сонародникот Ентони Џошуа, кого навивачите го чекаа со години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО