Конате: Не се плашиме од никого, а најмалку од Шпанија

Францускиот репрезентативец Ибрахима Конате, кој од ова лето е нов фудбалер на Реал Мадрид, се обрати на прес-конференција во пресрет на полуфиналниот дуел против Шпанија на Светското првенство 2026.

Дефанзивецот беше запрашан за изјавата на ѕвездата на „црвената фурија“, Ламин Јамал, кој порача дека „Франција треба да се плаши од нас, бидејќи веќе еднаш ги елиминиравме“.

„Тој може да зборува што сака. Не, не и не – не се плашиме од никого. Треба да останеме скромни и да не западнеме во такви замки, особено во оваа фаза од натпреварувањето“, изјави Конате.

* Искрено не слушаме што се зборува. Ќе се подготвиме најдобро што можеме, а по натпреварот ќе видиме кој ќе излезе како победник“, додаде тој.

Конате нагласи дека Франција нема да се концентрира само на запирање на Ламин Јамал.

„Не размислуваме само за тоа како да го запреме Јамал. Шпанија е извонредна репрезентација со многу индивидуален квалитет. Не смееме да се фокусираме само на еден играч, бидејќи целиот нивен тим може да биде опасен“, порача францускиот стопер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО