Јирген Клоп проговори за најскапиот трансфер што не е реализиран

Франција се пласира во полуфиналето на Светското првенство со победата над Мароко, а пред натпреварот, поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, откри претходно непознати детали за обидот на англискиот гигант, во 2017 година да го потпише тогаш 18-годишниот Килијан Мбапе.

Клоп присуствуваше на натпреварот помеѓу Франција и Мароко во четвртфиналето на Светското првенство, беше сведок на уште една лесна победа на Французите и танцот на Мбапе, со кого се пријателски се поздрави по натпреварот. Мбапе дури и ја прекина прославата само за да се поздрави со германскиот стратег.

Нивното познанство датира одамна. Повторното обединување со француската ѕвезда беше и можност за Клоп да раскаже еден настан од пред речиси една деценија, малку познат на фудбалските фанови.

Беше лето кога Мбапе го напушти Монако и беше ѕвезда на преодниот рок. Ливерпул во тој момент, според сведочењето на Клоп, направил сè за да го доведе…

„Мбапе е најскапиот случај што не резултираше со трансфер, а во кој ние (Ливерпул) инвестиравме средства. Летаме од Блекпул до Ница. Во Ница, целото семејство Мбапе се качи во приватен авион, беа пет или шест лица“, откри Клоп и го привлече вниманието на соговорниците пред германските камери на Магента.

„Бевте во толку голем авион“, го праша новинарот Клоп. „Да, да, навистина се потрудивме. Потоа кружевме, разговаравме со семејството, јадевме добра храна… Сето ова се случи во авионот“.

На забелешката на новинарот експедицијата на Ливерпул не сакаше да биде видена со Мбапе, Клоп го поправи:

„Не ни беше дозволено да бидеме видени… Кружевме. Беше фантастично“, одговори Германецот.

На крајот, сите напори на „Црвените“ не беа доволни. Мбапе го избра Пари Сен Жермен.

„А потоа отиде во Париз…“, заклучи Клоп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО