Балогун му пришол на селекторот на Белгија по мечот: „Го ценам тој гест“

Белгија убедливо ги елиминираше Соединетите Американски Држави од Светското првенство со победа од 4:1, а селекторот Руди Гарсија по натпреварот се осврна на контроверзијата околу Фоларин Балогун.

Американскиот напаѓач настапи и покрај црвениот картон против Босна и Херцеговина, откако независната Дисциплинска комисија на ФИФА ја укина автоматската суспензија и ја замени со условна казна.

По натпреварот, Балогун му пришол на Гарсија.

„Дојде да разговара со мене и тоа многу ми се допадна. Не е негова вина, тој не е виновен. Го ценам тој гест и го ценам играчот“, изјави Гарсија.

Белгискиот селектор додаде дека неговата репрезентација одиграла со контрола, желба и посветеност, оценувајќи ја победата како „голема ноќ“ за Белгија.

Во четвртфиналето, Белгија ќе игра против Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО