ВИДЕО: Прославата се претвори во шок, Хендерсон изнесен на носилки од теренот

Големата прослава на фудбалската репрезентација на Англија по драматичната победа над Мексико со резултат 3:2 во осминафиналето на Светското првенство беше засенета од сериозната повреда на Џордан Хендерсон, кој заврши во болница по несреќен пад за време на прославата со навивачите.

Искусниот играч од средниот ред се сопна од рекламната ограда до теренот, падна незгодно и го повреди зглобот, по што лекарите му помогнаа, му дадоа кислород и го изнесоа од стадионот на носилки.

Селекторот на Англија, Томас Тухел, не ја криеше загриженоста за повредата на својот играч.

-Не е добро, не е добро. Џордан падна и го повреди зглобот. Изгледа многу сериозно. Лекарите ми кажаа дека е во болница и засега не знаеме дали ќе му треба операција, рече Тухел по натпреварот.

Капитенот Хари Кејн првично се обиде да ја смири јавноста велејќи дека станува збор за повреда на раката, додека Џуд Белингам потврди дека Хендерсон е во сигурни раце на медицинскиот тим, но не сакаше да открие повеќе детали.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО