Двејн Вашингтон е нов кошаркар на Баерн Минхен. Германскиот шампион објави дека американскиот бек ставил потпис на двегодишен договор.
Вашингтон го напушти Партизан веднаш по завршувањето на сезоната.
По поразот од Дубаи во четвртиот натпревар од финалето на АБА лигата, тој откри дека тоа бил негов последен настап во црно-белиот дрес, а кратко потоа започнаа преговорите со Баерн, кои сега успешно завршија.
Пред да пристигне во Партизан, Вашингтон настапуваше во НБА за Индијана Пејсерс, Феникс Санс и Њујорк Никс, а колеџ-кошарката ја играше на Универзитетот Охајо Стејт.