Реал го отпушти Скариоло

Реал Мадрид официјално го отпушти Серхио Скариоло по само една сезона во која италијанскиот стручњак не успеа да освои ниту еден трофеј.

Клубот од Мадрид се збогува со Скариоло со соопштение, во кое му се заблагодарува за соработката.

„Реал Мадрид и Серхио Скариоло постигнаа договор за крајот на неговиот мандат како главен тренер на првиот кошаркарски тим. Реал Мадрид, кој засекогаш ќе остане негов дом, му се заблагодарува за посветеноста и професионализмот што ги покажа во клубот и нему и на неговото семејство му посакува се најдобро во новото поглавје од нивниот живот“, се вели во соопштението.

Скариоло ќе биде заменет од Педро Мартинез, кој доаѓа во Реал по брилијантната сезона на клупата на Валенсија, со која успеа да стигне до завршниот турнир на Евролигата, како и да го освои шпанското првенство.

Реал ќе мора да издвои дури седум милиони евра за доаѓањето на Мартинез, од кои еден милион е за обештетување, кое ќе треба да биде уплатено, за да може тренерот роден од Барселона да дојде во Мадрид.

Foto:MIA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО