Карло Анчелоти објасни зошто Нејмар не играше против Јапонија

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Арсенал, Касемиро и Мартинели беа стрелци на головите за Бразил, во чии редови воопшто на теренот не се појави Нејмар.

По победата на Јапонија, селекторот Кало Анчелоти објасни зошто Нејмар останал на клупата за резерви.

“Чекав да дојдат продолженијата за да го внесам Нејмар во игра. Зборував со него. Ако не израмневме брзо во вториот дел, планот беше да влезе во игра во 60-65 минута. Сепак, кога дадовме гол воспоставивме целосна контрола на теренот и не сакав да го менувам ритамот на екипата. Имавме целосна контрола над играта“, рече Анчелоти за одлуката Нејмар да остане резерва.

Бразил себа може да се подготвува за следниот предизвик, а тоа е мечот против подобриот од дуелот меѓу Брегот на Слонова коска и Норвешка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО