Мечот помеѓу Полска и Аргентина во Лигата на нации донесе момент што ќе остане запишан во историјата на одбојката.
Двете репрезентации одиграа сет каков што досега не е забележан на највисоко ниво.
Третиот сет се претвори во вистинска драма, бидејќи ниту една селекција не успеваше да направи решавачка предност. По долга борба и игра на разлика, Аргентина славеше со 50-48.
Вкупно беа освоени 98 поени, бројка која вообичаено е доволна за два комплетни сета, но овојпат сите беа одиграни во само еден.