Вимблдон остана без уште еден поранешен полуфиналист

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети официјално се повлече од настап на овогодинешниот Вимблдон поради недоволно залечена повреда.

Зад него е навистина кошмарна сезона во која го откажа и настапот на Ролан Гарос, а на терените се нема појавено уште од дванаесетти мај, кога беше поразен од Каспер Руд на турнирот во Рим.

Мусети беше полуфиналист на Вимблдон во 2024 година, но овој пат нема да има шанса да настапи на терените на „Ол Ингланд Клубот“. Неговото место во ждрепката треба да го заземе сонародникот Матео Беретини.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО