Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз во Европската лига, откако на гостувањето кај Грција загуби со максимални 3-0 во сетови (25-19, 25-20, 25-23).
Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски имаа свои добри моменти во текот на натпреварот, но не успеаја да приредат изненадување против домаќинот, кој од самиот почеток го наметна својот ритам и ја контролираше играта.
Најефикасни во македонскиот состав беа Никола Ѓорѓиев со 11 освоени поени и Филип Савовски со 10.
За Македонија ова беше втор пораз во Европсата лига по претходниот неуспех против Холандија, додека во првите две кола нашите одбојкари забележаа победи над Исланд и Луксембург.