Лина Ѓорческа се пријави на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе биде дел и од квалификациите за третиот Грен Слем турнир оваа сезона Вимблдон.

Ѓорческа претходно настапи во квалификациите за Австралијан Опен и Ролан Гарос а ова лето ќе ја продолжи и традицијата на најпопуларниот тениски турнир на тревна подлога во Обединетото Кралство.

Во моментов, Ѓорческа започна со подготовките на тревна подлога. Македонката се наоѓа на 211 позиција на ВТА-листата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО