Кошаркарот на НБА лигашот Кливленд, Џејмс Харден, е ослободен од притвор во Хјустон, откако беше уапсен во сабота наутро по обвинение поврзано со поседување оружје.
Како што јавија американските медиуми, 36-годишниот Харден возел низ центарот на Хјустон во друштво на уште четири лица, кога биле запрени од полицијата околу 3:40 часот наутро.
Кога Харден го запрел своето возило зад друг автомобил, полицаецот забележал пиштол во држачот за чаша на неговиот Мерцедес, се наведува во судските документи.
Харден потврдил дека пиштолот е негов и бил приведен во затворот во округот Харис.
Подоцна бил ослободен со кауција, а судското рочиште е закажано за 22 јуни.
Харден зад себе има 17 сезони во НБА лигата и повеќе од 1.200 постигнати поени.