Барселона и Фуксе Берлин ќе играат за титулата во ракометната ЛШ

Ракометарите на Барселона ќе играат во финалето на ЕХФ Лигата на шампионите против Фуксе Берлин.

Во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Келн, Германија, Барселона го елиминираше данскиот Алборг со 37:32 во драматичен натпревар по продолженијата.

Барселона одигра многу подобро во продолжението и стигнаа до триумфот за кој најзаслужен беше Алеиш Гомез со осум гола, додека Луис Фраде постигна седум. Емил Нилсен беше одличен на голот со 18 одбрани.

Александер Блонц и Томас Арнолдсен беа најдобри за Алборг со по пет погодоци.

В недела од 15.00 часот за третото место ќе играат Магдебург и Алборг, а од 18.00 часот е финалето меѓу Фуксе Берлин и Барселона.

 

Барселона, која е најтрофејна во елитното европско клупско натпреварување, ќе ја брка својата 13 титула, додека Фуксе Берлин ќе го игра само своето второ финале по ред. Германскиот клуб лани загуби во борбата за трофејот од Магдебург со 32:26.

Последен пат Барселона играше во финалето во сезоната 2023/24 кога славеше против Алборг со 31:30.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО