Инцидентот се случи за време на првата четвртина во „Медисон Сквер Гарден“, кога францускиот центар од зад грб го турна капитенот на Никс и го собори на подот, додека судиите останаа неми
Шефот на судиите во НБА, Монти МекКачин, се појави на ESPN и призна дека одлуката била погрешна.
„Пропуштен е прекршок на Виктор Вембанјама врз Џејлен Брансон“, рече МекКачин, потврдувајќи дека лигата сè уште разгледува дали ситуацијата последователно ќе биде окарактеризирана како неспортски личен фаул.
Таква можност постои во НБА. На играч може да му се изрече неспортска лична грешка со последователен преглед на видеото, дури и ако не е досудена за време на натпреварот.
Сепак, што и да одлучи лигата, Њујорк нема да има никаква конкретна корист од тоа. Резултатот останува ист, Спарс победија и го намалија дефицитот во серијата на 2-1.