Македонија ги доби ривалите во Дејвис Купот

Македонската Дејвис куп репрезентација ги доби ривалите во рамки на мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот.

Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат поделени во две групи по четири.

Поделени се две групи по четири тимови. Во групата А ќе играат Ирска, Летонија, Црна Гора и Азербејџан, додека во групата Б ќе играат Македонија, Грузија, Косово и Молдавија.

Во првото коло кое на програмата е утре (среда), Македонија игра против Молдавија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО