Македонскиот машки ракометен шампион Вардар нема да го ангажира српскиот репрезентативец Марко Тасиќ во пресрет на новата сезона.
По одличните настапи на Европското првенство во Хернинг, каде што остави силен впечаток во дресот на Србија се очекуваше Тасиќ да направи чекор напред во кариерата и да ја напушти екипата на Динамо Панчево.
Дефанзивецот одигра значајна улога во големата победа на Србија над Германија а особено се истакна со одличната игра во одбраната против Јоханес Гола.
Покрај успешните репрезентативни настапи, Тасиќ беше меѓу најдобрите поединци и во првиот дел од сезоната во српското првенство.