Александар Зверев во четвртиот обид успеа да стигне до првата Гренд слем титула во кариерата. Зверев го освои Ролан Гарсо со победата 3:2 (6:1, 4:6, 6:4, 7:6, 6:10 над Фабио Коболи. Германецот, во претходните три финалиња беше поразен од Доминик Тим во 2020 година на Ју-ес опен, од Карлос Алкараз на Ролан Гарос во 2024 година и од Јаник Синер минатата година на Австтралија опен.
Зверев имаше незгоден противник кој му создаваше многу проблеми, се мачеше и со непријатна традиција, ги загуби претходните три финалиња на Гренд слем турнири, загуби и шест нерешени дуели против италијански тенисери, вклучувајќи го и еден против Коболи.
Но, Зверев најмногу се бореше со Зверев, едноставно е несфатливо какви грешки правеше во моменти кога најмалку се очекуваше од него, особено, се „истакна“ со двојните сервис грешки, во многу важни моменти.
Првиот сет не навести дека Коболи ќе има шанса против Германецот. Очигледно беше импреисониран од настапот во финалето. Експресно Зверев поведе со 1:0. Коболи се врати потоа во мечот, одигра неколку спектакуларни поени, кои му ја подигнаа самодовербата на високо ниво.
Изедначи на 1:1 во сетови, а потоа и на 2:2. Го доби дрматични тај-брејк во четвртиот сет, откако два пати испушти брејк предност. Покрај тоа, му дозволина Зверев брејк кога сервираше за изедначување. Сепак тај-брејкот го заврши со спктакуларна форхен паралела.
Се очекуваше дека Коболи ја има психолошката предност во решавачкиот сет, но тој целосно потоа. Зверев стекна ппредност од два брејка и рутински го доби сетот, за најголемата победа во неговата кариера.
Foto:EPA