Анчелоти остана без десен бек пред Светското првенство

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Египет со 2:1 во последниот тест пред почетокот на Светското првенство, но тренерот Карло Анчелоти доби причина за загриженост.

Десниот бек Весли мораше да го напушти теренот во 17-та минута поради повреда на глуждот.

Според бразилските медиуми, станува збор за истегнување, па затоа е избегната сериозна повреда, но конечната проценка ќе биде позната по дополнителните прегледи.

Бразил нема многу време да реагира, доколку се покаже дека Весли нема да биде подготвен за турнирот, бидејќи се ближи рокот за поднесување на евентуална замена.

Бразил ќе ја отвори групната фаза на Светското првенство на 14 јуни против Мароко, потоа на 20 јуни ќе игра против Хаити, додека на 25 јуни ќе се соочи со Шкотска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО