Дресот на фудбалската репрезентација, на малата карипска држава, Курасао е најубавото нешто што навивачите ќе можат да го видат на Светското првенство.
Курасао, под водство на селекторот Дик Адвокат, ќе го има своето деби на Светското првенство и самиот факт што е меѓу фудбалската елита е доволна причина вниманието на добар дел од навивачите да биде насочено кон оваа селекција.
Навивачите изминатите денови, зборуваа за дресот на Курасао.
Втората гарнитура на Курасао изгледа прекрасно. Толку едноставен, а сепак толку совршен. Моментално, жолтиот дрес на репрезентацијата на Курасао е меѓу најпродаваните пред почетокот на Светското првенство.
Дресот го привлече вниманието не само на фудбалските фанови поради својот ретро изглед и комбинацијата на бои инспирирана од главниот град на Курасао, Вилемстад.
Пастелно жолтиот дизајн содржи детали во розова, тиркизна и портокалова боја, кои потсетуваат на препознатливите шарени куќи на историските населби Пунда и Отробанда.
Откако дресот беше пуштен во продажба во март, брзо стана еден од најбараните. Според „Атлетик“, дресот досега е распродаден во речиси сите достапни големини на веб-страницата на „Адидас“ во САД, што се смета за реткост дури и за многу попознати репрезентации.
Во тој дрес, Курасао, неодамна одигра пријателски натпревар против Шкотска.
Сепак, лесно може да се случи фудбалерите на оваа островска нација на Светското првенство воопшто да не ја носат оваа комбинација на опрема, бидејќи сигурно ќе ја носат примарната комбинација на сите три натпревари. Бидејќи нивни ривали ќе бидат селекциите на Германија, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска чии бои не се совпаѓаат со боите на Курасао, што значи дека селекцијата на Дик Адвокат, нема да мора да носи резервна опрема.
Foto:Bild