Селекторот Хавиер Агире избра 26 играчи кои ќе го претставуваат Мексико на Светското првенство.
Најинтересното име на листата е Гилермо Очоа, од АЕЛ Лимасол, за кого ова ќе биде шесто Светско првенство. Голманот ќе има ист број учества на Мундијалите како Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Овие тројца не пропуштиле ниту едно Светско првенство од 2006 година.
Домашната репрезентација го отвора Светското првенство со натпревар против Јужна Африка, кој ќе се игра на 11 јуни. Овој натпревар ќе го отвори Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Списокот на Мексико:
Голмани: Раул Ранхел (Чивас Гвадалахара), Карлос Асеведо (Сантос), Гилермо Очоа (АЕЛ Лимасол)
Одбрана: Сезар Монтес (Локомотив Москва), Жоан Васкез (Џенова), Хорхе Санчез (ПАОК), Израел Рејес (Клуб Америка), Матео Чавез (АЗ Алкмар), Хесус Гаљардо (Толука).
Среден ред: Луис Ромо (Чивас Гвадалахара), Брајан Гутиерез (Чивас Гвадалахара), Алваро Фидалго (Бетис), Ерик Лира (Круз Азул), Луис Чавез (Динамо Москва), Обед Варгас (Атлетико Мадрид), Орбелин Морбеда (АЕК Атина), Едсон Алварез (Фенербахче), Хилберто Мора (Тихуана), Цесар. Хуерта (Андерлехт).
Напад: Алексис Вега (Толука), Роберто Алварадо (Чивас Гвадалахара), Раул Хименез (Фулам), Сантијаго Хименез (Милан), Хулијан Кињонес (Ал Кадиција), Гиљермо Мартинез (Пумас), Армандо Гонзалес (Чивас).
foto: EPA