Луис Енрике: Ќе видиме кој е подобар и кој ќе го освои трофејот

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике го најави денешното финалето против Арсенал. Натпреварот ќе се одржи на Пушкаш Арената во Будимпешта, со почеток во 18:00 часот.

„Арсенал беше најдобриот тим во Премиер-лигата оваа година, тие заслужија да ја освојат титулата. Двата тима се повеќе од две различни идеи, тие се две слични идеи, но со различни патеки. Ние имаме најдобар напад, а тие имаат најсилна одбрана. Но, тие се исто така тим кој постигнува многу голови, а ние сме еден од оние кои се бранат многу добро“, додаде тренерот.

Шпанецот зборуваше за притисокот во ПСЖ:

„Ако изгубиме три натпревари по ред, тоа е тотален хаос, ако победуваме постојано, тоа е нормално – така функционира тим како ПСЖ. Во текот на последните три сезони покажавме дека сме тим кој игра многу добар фудбал и покажавме конзистентност.

Кога станува збор за финалиња, секогаш е тешко. Не мислам дека разликата меѓу нас и Интер минатата сезона беше вистински одраз на нивото на двата тима, но финалињата се сосема различни натпревари. Секогаш има многу тензија и исчекување. Нема поголема мотивација од играње во финале на Лигата на шампионите, останатото се само коментари. Ќе видиме кој е подобар и кој ќе го освои трофејот“, додаде тренерот на ПСЖ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО