Сè е подготвено за големото финале на Лигата на шампионите, во кое ПСЖ и Арсенал ќе се сретнат на „Пушкаш Арена“, во Будимпешта, во борбата за титулата европски шампион.
Сепак, увертирата во спектаклот беше жестока, во текот на ноќта во центарот на унгарската престолнина, се судрија навивачите на двата клуба.
Навивачите на Арсенал и ПСЖ имаа „блиска средба“ на улиците на Будимпешта, по што настана целосен хаос. На видеата што кружат на социјалните мрежи, може да се видат запалени факели, тепачки и панично повлекување на група навивачи.
Psg and Arsenal fans clashing last night… 👊 https://t.co/JmG59ZzglK
— Football Fights (@Footballfights) May 30, 2026
Според достапните снимки и реакциите на очевидците, се чини дека навивачите на францускиот клуб имале бројна и организациска предност, и дека навивачите на Арсенал го извлекле „подебелиот крај“.
Полицијата брзо реагирала за да спречи понатамошни инциденти, а останува да се види дали немирите ќе имаат последици пред натпреварот што ќе го одлучи новиот европски шампион.