Ентони Гордон е нов играч на Барселона

Една од најбрзите и најконкретните трансфер-операции во поновата фудбалска историја доби своја официјална разврска. Англискиот репрезентативец и досегашен член на Њукасл Јунајтед се сели на „Камп Ноу“.

Договорот е потпишан на пет сезони, со важност до јуни 2031 година, а офанзивецот ќе му се приклучи на тимот предводен од Ханси Флик веднаш по завршувањето на претстојното СП.

Ентони Гордон доаѓа во систем каде неговиот профил идеално се вклопува. Ханси Флик преферира играчи со висок интензитет, константен пресинг и брза транзиција, карактеристики кои Англичанецот усовршено ги презентираше во Премиер лигата.

Овој трансфер јасно покажува дека Барселона гради тим со сериозна стратегија, фокусирајќи се на играчи кои поседуваат и талент и нескриена желба да го носат сино-црвениот дрес.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО