По мечот кој заврши без голови 0-0, Бојан Миовски изјави дека силните пријателски мечеви се добри за оваа нова Македонија.
– Првите 45 минути беше доста тврд натпревар. Имавме ние свои шанси, исто и противникот, но не се искористија. Се воигруваме, знаеме што ни следува.
Имаме доста нови играчи, нова формација, така што овие натпревари со вакви противници се одлични за да се воиграме за она кое ни следи во иднина“, изјави Миовски.
Македонија сега патува за Истанбул, каде ѝ следи контролен натпревар со уште еден учесник на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, тоа е Турција. Дуелот е закажан на 1 јуни од 18:30 часот