Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево и Турција во Истанбул. Елиф Елмас вели дека новиот циклус, промените во тимот и новиот селектор бараат целосен фокус на сопствената игра и создавање на препознатлив стил на теренот.
– Имаме нов селектор, ова е втор собир и има нови играчи. Најважно е да бидеме фокусирани на нас и на тоа што треба да го изградиме како репрезентација пред септемвриските натпревари. Нè очекуваат силни противници и мора максимално да се подготвиме“, изјави Елмас.
Очекувам да играме понапаѓачки, затоа што ако не напаѓаш, не можеш да победиш. Фудбалот бара баланс, некогаш треба сите да се браниме, а некогаш сите да нападнеме. Ќе биде важно како ќе ги спроведеме задачите што ќе ги добиеме од селекторот“.
Енис е многу важен за нас, како капитен и како човек во соблекувалната. Ќе недостасува на овие натпревари, затоа што и кога не игра, многу им помага на сите“.