Семејството Мегваер беснее по одлуката на селекторот Хари да не оди на СП

Хари Мегваер е „шокиран и скршен“ откако селекторот, Томас Тухел го изостави од составот на Англија за Светското првенство. Фудбалерот се огласи на социјалните мрежи , по што неговата мајка Зои упати остра критика кон Тухел.

Англискиот селектор денес ќе го објави конечниот список од 26 играчи, а заедно со Магвајр, на СП нема да бидат Фил Фоден од Манчестер Сити и Кол Палмер од Челзи, односно Трент Александер-Арнолд од Реал Мадрид, Морган Гибс-Вајт од Нотингем Форест, Луис Хол од Њукасл и Лук Шо од Манчестер Јунајтед.

Триесет и тригодишниот Магвајр, дефанзивец на Манчестер Јунајтед, не го криеше своето разочарување.

„Бев убеден дека по сезона како оваа можам да одиграм важна улога за мојата земја ова лето. Одлуката ме шокираше и ме уништи. Ништо не ми значи повеќе играњето за националниот тим и претставувањето на мојата земја сите овие години. Им посакувам на играчите се најдобро ова лето“, објави Магваер на „X“.

Неговата мајка Зои исто така реагираше на неговата објава: „Не можеше да направиш повеќе. Главата горе… Срамно. Згрозена сум.“

Неговиот брат Џо беше уште поостар: „Ова е веројатно најлошата одлука што сум ја видел во мојот живот. Немам зборови.“
Магваер одлично играше за Јунајтед откако Мајкл Карик ја презеде тренерската функција кон средината на јануари, а Тухел го покани за репрезентативните акции во март.

Мегваер беше во почетниот состав против Уругвај и влезе како замена против Јапонија. Сепак, селекторот се одлучи за други опции на таа позиција.

Играчот на Манчестер Јунајтед, одигра 66 натпревари за националниот тим од своето деби под водство на селекторот Гарет Саутгејт пред девет години.

Со Англија, тој беше европски вицешампион во 2020 година и го освои третото место во Лигата на нации една година претходно. Тој постигна седум гола за националниот тим.

Пред турнирот, по пристигнувањето во САД, Англија ќе се соочи со Нов Зеланд и Костарика во подготвителни натпревари.

Натпреварувањето во Групата Л започнува со натпревар против Хрватска во среда, 17 јуни. Потоа, тие имаат натпревари со Гана на 23 јуни и Панама на 27 јуни.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО