Хаосот во Барселона заврши со победа на Диџанантонио

Хаотичната Голема награда на Каталуња, заврши со победа на Фабио Диџантонио. Возачот на ВР46 тимот, победи пред Жоан Мир (Хонда) и Фермин Алдегер (Гресини Дукати).

Трката, која ја обележа страшниот инцидент на крајот од 11-оти круг, поради што беа истакнати црвени знамиња, а Алекс Маркез заврши во болница, донесе вистинска драма на рестартот и во последниот круг.

Рестартот на трката траеше неколку свиоци, кога повторно беа истакнати црвените знамиња, поради инцидентот во кој учествуваа Бањаја, Зарко и Марини. Зарко, возачот на ЛЦР Хонда потоа беше пренесен во медицинскиот центар.

Вториот рестарт го обележа инцидентот меѓу Хорхе Мартин и Раул Фернандес. Возачот на Трекхаус Априлија, агресивно ја бранеше својата позиција, па Мартин заврши крај патеката.

Потоа следуваше битката за првото место меѓу Педро Акоста, Мир и Диџа. Во последниот круг Диџа успеа да дојде до првото место, Мир го следеше, а Акоста остана без третото место во дуел со Алдегер.

Во последниот свиок, Акоста, беше жертва на агресивниот потег на Аи Огура, излета од патекаѕта и остана без пласман.

По трката во Барселона Марко Бецеки ја јзголеми предноста во генералниот пласман во однос на Хорхе Мартин (140-127), Диџа е трет со 116 пони.

Foto: EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО