Култхард: Верстапен нема да го напушти Ред Бул

Поранешниот возач во Формула 1, Дејвид Култхард, објасни зошто верува дека Макс Верстапен ќе продолжи да вози за Ред Бул.

– Според мене, Макс нема да си замине затоа што ниеден друг тим од Ф1 нема да му дозволи да биде Макс. Мекларен не може да го направи тоа. Ферари исто така не може. Ни Мерцедес не би, иако Макс возеше Мерцедес (на трката 24 часа Нирбургринг). Сето тоа е затоа што мора да инвестираат во еден конкретен возач. Но, Ред Бул е подготвен за тоа. Се сеќавам на првиот пат кога се сретнав со г-дин Дитрих Матешиц, основачот на Ред Бул, пред да потпишам со тимот. Го прашав: „Што мислиш за мене?“ Тој одговори: „Биди свој.“ Макс останува свој. Затоа ќе ги запреме шпекулациите што се појавија пред неколку недели. Во моментов, Макс останува во Ред Бул до крајот на својата кариера, смета Култхард.

Пред десетина дена во британските медиуми се појавија информации дека тимот на Ред Бул во Оскар Пјастри гледа потенцијална замена за Макс Верстапен во случај Холанѓанецот да го напушти тимот по крајот на сезоната.

Верстапен кој е четирикратен светски шампион има актуелен договор со Ред Бул до 2028 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО