Судиите во Ла Лига бараат покренување на дисциплинска постапка против Флорентино Перез!

Вистински “земјотрес“ предизвика последниот прес на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино. Тој ги обвини сите, буквално сите, па дури и медиумите кои секогаш беа блиски до Реал, за тоа дека го уриваат клубот и дека работат против него. Ако една “Марка“ искочи со сериозна критика кон Дон Флорентино, што останува за другите.

Инаку она што го кажа Перез за судиите во Ла Лига, поточно дека на Реал Мадрид му се украдени најмалку седум титули, и тоа како може скапо да го чини.

Имено судиите, кои за Перез, се највиновни, преку својот синдикат бараат дисциплинска постапка против првиот човек на Реал Мадри и во најлош случај негово извинување.

Јасно е дека такво нешто Перез ни во сон нема да го направи. Уште појасно е дека и дефинитивно Реал Мадрид е најголемата криза веројатно од своето постоење.

Две сезони без трофеј, промашувања со изборот на тренери, тепачка на тренинзи, никаков респект од страна на играчите кон своите тренери. Јавна расправија со посебни изјави меѓу Мбапе и Арбелоа. Војната меѓу Мбапе и Винисиус, и уште многу други детали кои го “фрлија“ најголемиот клуб во светот во невидена агонија.

А Барса си реди и си реди нови трофеио во своите клупски витрини.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО